Митев со постигнатите резултати во изминатите осумнаесет месеци остави силен белег во фудбалскиот клуб од Македонска Каменица.
Неговата филозофија за фудбалот од ден на ден почна да покажува резултати. Секогаш со добра анализа на противникот знаеше како да се спротивстави на поголемите екипи. Токму Митев и „Каменица Саса“ се повикуваат како главни „виновници“ што Штипските сини не беа на првото место, бидејќи во двата натпревари што ги одиграа „рударите“ им откинаа 4 бода на штипјани.
До прекинот на првенството поради епидемијата „Каменица Саса“ со освоени 23 бода се најде на 6-тото место на табелата а со десетте бода пред зоната за испаѓање тој со неговите играчи веќе го беше обезбедил опстанокот во Втора Лига – Исток.
Дознаваме дека сега засега Митев ќе направи пауза во фудбалот а како понатака благовремено ќе бидеме известени.