Контакт 3 ја реализираше првата креативна работилница за деца во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 18. Февруари 2024 година – Вчера се реализираше првата креативна работилница за деца на тема Тоа сум јас/ Кој сум јас. На овие теми учествуваа околу 30 дечиња од Македонска Каменица, кои низ игра и дружење се спознаваа и изразуваа себе на креативен начин, градејќи позитивна слика за себе.

Следниот викенд, продолжуваме да се дружиме на тема Моите емоции, – истакнуваат организаторите од Центарот за советување и креативен развој на деца и возрасни Контакт 3, од каде дополнуваат, дека во следниот период се подготвуваат и промотивни гешталт работилници за возрасни, наменети за личен раст и развој и истите ќе бидат водени од гешталт советувачи“.

Активностите на Здружението Контакт3-Центар за советување и креативен развој за деца пробудија голем интерес кај децата, нивните родители и кај возрасните за учество во гешталт работилниците водени од гешталт советувачите : Билјана И.Стојановска, Ивана А.Мулачка и Сузана Л.Ефтимова.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *