Конечно: ЕВН изгуби на суд во обид да наплати заостанат долг

ЕВН од Штипско семејство сакаше да наплати заостанат долг и изгуби на суд. Семејство од Штип  доби правосилина судска пресуда против компанијата:

  • Ова е крајна разврска, Апелација Скопје го потврди случајот и веќе немаат право на жалба, немаат право на друга инстанца. Мислам дека ако отидат и на меѓународен суд ќе изгубат, зашто сите правни нормативи се исцрпени во матичната земја. На оваа постапка имавме вештачење, извештачивме, докажавме дека по ниту еден правен основ ова семејство на ЕВН не и должи ништо, објасни Емил Недков, адвокат.

Случајот се води уште до мај 2015 година, кога семејството решило да побара правна помош, зашто иако плаќале, сметката за струја , никако не можеле да ја дотераат на 0:

  • Стануваше збор за наводен заостаток на долг од 160.000 денари. Низ месечните фактури овој долг се провлекувал од 2002 година па наваму, кажа Недков.

Сметките за струја, досега биле причина за бројни незадоволства кај корисниците, а сé поголем е бројот и на оние кои се одлучуваат за судска разрешница:

  • Има многу кои доаѓаат и му носат фактури на кои стои заостанат долг. Ги охрабрувам истиот долг да не го плаќаат доколку ценат дека е заостанат повеќе од една година, бидејќи доколку ЕВН смета дека некој им должи тие задолжително тат. Штоп после една година од заостатокот на долгот нема тужба, значи тие не се сигурни самите во себе дека тој долг ќе го добијат на суд, потенцираше Недков.

Инаку, според Законот за облигациони односи, секој долг за јавна давачка застарува за период од една година. По истекот на овој рок, никој нема право да им бара пари на граѓаните за наплата на сметка.  Секако, ова важи само доколку за долгот корисникот претходно не е тужен.

Инаку, за овој случај ТВ Стар пишуваше и во февруари годинава кога се помина првата судска инстанца, по што ЕВН преку портпаролот Атанас Ковачевски им се закани со тужби и прекин на непосредна соработка.

Пишува: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *