Известување од АМСМ за состојбата на патиштата во државата

Состојба на патиштата

09 јануари 2017

 Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите, по интервенција на екипите од „Македонија пат“. На планинските премини, повисоките и осојничави места поради ниски температури можна е појава на голомразица. Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка.

Од 08:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на крак Маврово – Дебар, како и на патниот правец Прилеп – Витолиште.

На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема. Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *