И ВО ДЕЛЧЕВО ГИМНАЗИЈАТА ЌЕ РАБОТИ СО ПАРАЛЕЛКИ ОД ПО 17 УЧЕНИЦИ

Средношкоските училишни центри од крајниот исток добија согласности за формирање паралелки со помал број ученици. И од ресорното Министерството и од Советот доби согласност и делчевската гимназија, така што и оваа година наместо по законски предвидениот лимит од по 24 ученици, паралелките ќе имаат по 17 ученици додека стручната парарлека во Делчево ќе има само 8.

  • Ем учениците ќе бидат запишани каде што сакаат, ем од друга страна наставниот кадар нема да се соочи со недостиг на часови и нема да има прогласување на технолошки вишок, вели Билјана Петровска, директор на СОУ „М М Брицо“- Делчево.

Делчевската гимназија во прва година не запиша ниту еден ученик во новата стручна угостителска насока-келнер, иако оваа опција беше понудена за да се задржат послабите ученици во Делчево.

Како и да е, сепак, со новата согласност за формирање паралелки со помал број ученици, се реши агонијата на наставниот кадар кој се спаси од технолошки вишок, но не го решава проблемот со алармантното намалување на бројот на ученици во Делчево, што поради иселување, што поради атрактивните насоки во другите средношколски центри.

Од завршените 130 полуматуранти, во Делчево останаа само 97, додека другите, се одлучуваат да го продолжат своето образование по атрактивни насоки од училишта во регионот и Скопје користејќи ги  привилегиите што им ги дава државата, бесплатно сместување и превоз.

Според податоците , бројот на ученици во делчевската гимназија годинава ќе изнесува само 381, што во споредба со бројката од пред 7 години, има намалување на вкупниот број ученици за 180., додека вкупниот број ученици, основци и средношколци во Делчево, оваа година ќе изнесува 1592, а пред 7 години во Делчево учеле околу 1970 ученици.

За жал, бројките се личности кои ја носат со себе нашата иднина. Перманентното намалување на бројот на учениците е евиднетирано одамна, а алармот одамна предупредува дека крајниот исток неповратно ги губи своите деца.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *