Сопствениците на кучето им рекле на новинарите дека на почетокот не им поверувале на своите очи, но потоа откриле дека ова е природна аномалија.
Во Шкотска женка од расата златен ретривер родила необично кутре. За разлика од своите браќа и сестри, кутрето е во зелена боја, пишува „Сан“.
Сопствениците на кучето им рекле на новинарите дека на почетокот не им поверувале на своите очи, но потоа откриле дека ова е природна аномалија. Светлата нијанса постепено ќе исчезне, така што наскоро кутрето нема да се разликува од својот вид.
Можно е необичната нијанса да настанала од пигментот биливердин, кој се наоѓа во постелката. Кога ќе се помеша со плодовата вода што го храни и го штити плодот, може да се обои крзното на кутрето.
Необичното кутре е наречено Форест (англиски „шума“). Сопствениците одлучиле да го задржат, а неговите седум браќа и сестри ќе добијат друг дом кога малку ќе пораснат.
Во светот се знае за само три случаи на раѓање зелени кучиња. Последниот беше забележен во февруари годинава – необичното кутре го родила женка од расата кафеав лабрадор.
Превземено од: ПлусИнфо