Здружението Надеж од Македонска Каменица ја спроведе Завршната прес конференција на проектот „Младите Можат“

Здружението Надеж од Македонска Каменица ја спроведе Завршната прес конференција на проектот „Младите Можат“

 

Исполнети се само 70 % од резултатите  предвидени со проектот „Младите можат“ изјави координаторот на проектот Тодор Цонев од Здружението „Надеж“ од Македонска Каменица.

Проектот се спроведе со цел да даде придонес кон идентификување и решавање на локални младински проблеми со користење на системот заснован на права, со крајна цел воспоставување на два Локални Младински Совети (ЛМС) во Македонска Каменица и Виница.

Со воспоставувањето на Локалните Младински Совети (ЛМС)  младите добиваат гарантиран канал за комуникација со лакалните власти, кој ќе придонесе кон вклучувањето на младите во процесите на креирање на политики на локално ниво, унапредување на нивната положба во заедницата и градење на капацитетите на младите како идни лидери во општеството.

Во општина Виница е формиран Локалниот Mладински Совет (ЛМС), кој изготви програма за работа со финансиска конструкција и истата е доставена до Советот на општината на одобрување. Во тек сме на отварање и на канцеларија  за млади со што во Виница предвидените активности се во целост спроведени. Со ова, во општина Виница воспоставена е правна рамка за долгорочна идентификација, и решавање на предизвиците и проблемите на младите.

Во општина Македонска Каменица поради несоработка од страна на локалната администрација, не успеавме во целост да ги спроведеме предвидените активности, кои имаа за цел воспоставување на Локален Младински Совет (ЛМС). Во Македонска Каменица има поголема група на активни млади кои како потенцијални членови на Локалниот Младински Совет (ЛМС) пројдоа обуки кои ќе допринесат младите од Македонска Каменица подготвени да се соочат со идентификација на потребите и проблемите на младите и преку застапување да изнајдат начини за решавање на истите. За ова да се случи, за почеток потребно е да добијат поддршка од локалната администрација и Советот на општина Македонска Каменица кој треба да ја донесе одлуката за формирање на Локалниот Младински Совет (ЛМС) и следејќи ги процедурите истиот да биде формиран. Што од своја страна е и законска обврска на општината, изјави координаторот на проектот Тодор Цонев.

Проектот „Младите можат“ од 01.11.2023 до 30.06.2024 година го спроведува Здружението Надеж од Македонска Каменица. Проектот е финансиран од Европската Унија, добиен како подгрант од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и конзорциумот на здруженија кој го спроведува проектот „Заедница инклузивни за млади“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *