Здружението Надеж од Македонска Каменица започна со градење на капацитетите на Локалниот младински совет во Виница

Здружението Надеж од Македонска Каменица започна со градење на капацитетите
на Локалниот младински совет во Виница

 

Во рамки на проектот „Младите можат“, Здружението Надеж од Македонска
Каменица, во среда на 12.06.2024 од 10:00 – 15:30 часот, ја спроведе првата од
предвидените три обуки, со членовите од Локалниот Младински Совет и Локалното
собрание на млади во Виница.

На обуката младите од Виница се запознаа со Основите на функционирање на
општината, структура, делокруг на работа и надлежности. Оваа и следните обуки ќе
им овозможат на младите да воспостават ефикасен Локален младински совет (ЛМС),
кој од друга страна ќе придонесе кон вклучување на младите во процесите на
креирање политики на локално ниво, унапредување на нивната положба во
заедницата и градење на капацитетите на младите како идни лидери во општеството.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а е добиен како грант од конзорциумот
кој го спроведува проектот „Заедници инклузивни за млади“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *