Во согласност со проектот за затворање на диви депонии во Источниот регион – ЛОТ 1, денеска од страна на економскиот оператор Eskavatori MK DOOEL – Skopje, започна расчистувањето на градската депонија во Македонска Каменица, – објави градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој притоа истакна дека зачувувањето на животната средина останува врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа.
Проектот е финансиран од Европската унија, со вредност од 4.565.600,80 евра, а предвидува изградба на собирна и претоварна станица во Македонска Каменица, за современ третман на отпадот до идната регионална депонија преку собирната и претоварна станица во Кочани, до Мечкуевци кај Свети Николе.