Заладувањето заврши, се враќаат високите температури

Метереолозите за денеска најавуваат претежно сончево и топло време со слаб променлив ветар и УВ фактор 9.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 21 степен Целзиусов, а максималната температура ќе достигне 39 степени Целзиусови.

Во Македонска Каменица времето ќе биде сончево и топло со слаб северен ветар. На почетокот на неделата се очекува сончево и топло време со умрена облачност.

Во понеделник се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветар. Минималната температура ќе биде од 12 степена до 22 степена, а максимална температура од 33 степени до 40 степени.

Вторникот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветар. Минималната температура ќе биде од 13 степени до 23 степени, а максималната температура од 31 степени до 38 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *