“Еко Кам Мед” организира бесплатно патување за каменичките пчелари на Меѓународниот Саем на земјоделсто во Струмица

Македонска Каменица, 17. Октомври 2023 година – Како што стои во известувањето од каменичкото пчеларско здружение “Еко Кам Мед” нивните членови ќе заминат на организирано патување во Струмица. Таму, на 21. Октомври ќе имаат можност да го посетат Меѓународниот Саем за земјоделство.

 

 

Покрај останатите саемски содржини, ќе има натпреварувачки дел за избор на највкусен мед, како и новитети од пчеларската опрема, амбалажа за пчелни производи и друго.

Патувањето на Меѓународниот Саем е бесплатно. Тргнувањето со автобус од Македонска Каменица е во 07:30 часот. Место на тргнување пред школски двор на гимназијата. Проектот е финансиран од Општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *