Еко-акција „Рециклирај и добивај“ на Рудник САСА

Еко-акција „Рециклирај и добивај“ на Рудник САСА

Во пресрет на Денот на рударите, на 26 август 2024 (понеделник), со почеток од 9:00 часот, ќе се одржи еко-акција „Рециклирај и добивај“ во организација на Рудник САСА. Настанот ќе се одржи пред Канцеларијата на Рудник САСА во Македонска Каменица (лоцирана спроти детска градинка „Бамби“), каде  ќе биде поставен штанд на кој сите заинтересирани ќе можат да донесат празни пластични шишиња и/или лименки и за возврат да добијат пригодни награди и тоа:

• 5 празни шишиња/ лименки = сладолед;

• 10 празни шишиња/ лименки  = тетратка или дрвени боички;

• 20 празни шишиња/ лименки = сет пенкала или тефтер со пенкало или кактус;

• 30 празни шишиња = декоративен термос или домино.

Сите собраните празни шишиња и лименки во оваа еко-акција ќе бидат рециклирани во вендинг машини, а поените што ќе се добијат притоа ќе бидат донирани во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица. При тоа, шишињата и лименките не треба да бидат згмечени и да не се вади етикетата од нив, за да може истите да се рециклираат во вендинг машините.

Акцијата ќе трае се до моментот кога ќе се потрошат предвидените награди кои се во ограничени количини, при што наградите ќе се делат по принципот 1 лице = 1 награда.

Ве повикуваме масовно да ја поддржите акцијата, имајќи ја предвид целта и хуманиот карактер на истата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *