Делчевските основци со своја театарска претстава разделбите и тагата во другарството

Разделбите кои се неминовни можат да растажат сечие срце а особено детското. Дека е тоа така покажаа учениците од VII – 2 одделение при ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево на кои разделбата од својот соученик Андреј Стоиловски кој ќе го продолжи своето образование во Швајцарија тешко им падна, па во негова чест подготвија театарска претстава на тема другарство, претстава во која тој ја имаше главната улога. Од дружењето со Андреј, како што велат самите ученици ќе остане запаметена целата забава која ја имале во текот на училишните денови, а самиот Андреј пак никогаш нема да ја заборави она што го доживеал со своите школски другари. Учениците претставата ја подготвија со целосна поддршка и под менторство на својата класна раководителка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *