– Конкретни случаи не сме имале до нас , но верувајте анкетите во тие извештаи се како факти посочени, за состојбите на нашиот универзитет, изјави проф.д-р Сашо Коруновски, ректор на Битолскиот Универзитет.
Вчера во Ректоратот на УКЛО беше потпишан договор за соработка меѓу Универзитетот и Државната комисија за спречување на корупцијата , кој што договор, како што беше речено, ќе биде фокусиран на можноста студентите да добиваат знаења за брзо препознавање на корупцијата и нејзино спречување. Дали ќе се формираат посебни органи на секој факултет, и како тоа ќе функционира, сеуште не се знае .
– Посетата на студентите на нашата институција и запознавањето на студентите како ќе функционираме , е од голем бенифит за целото општество. Ова не се резултати кои што можеме да ги очекуваме утре. Дали ние ќе имаме испостава во универзитетите е рано да се каже бидејчи ние немаме толкав капацитет. Овие наши соработки ќе развијат други можности но и потреби , за кои понатаму ќе одлучуваме како ќе постапуваме, изјави Игор Тантуровски претседател на ДКСК
-Целта е да се зборува за корупцијата. Кога од Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги споделат искуствата, дури на скриени форми, студентите да се свесни на своите права. Ова е позитивна насока отворено да зборуваме за корупцијата, за која што ниту една институција не е имуна, но може да се фати во борба за ваквите појави, додаде Коруновски
Останува отворено прашањето дали со потпишувањето на договорот, во иднина студентите и професорите ќе ја препознаат корупцијата доколку ја има и ќе се охрабрат истата да ја пријават.