Градоначалникот Атанасовски распиша Јавен повик за финансиска поддршка за првачињата и средношколците од прва година во каменичките училишта

Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски објави Јавнен повик за финансиска поддршка за ученици во Прво одделение во Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и за финансиска подршка за ученици во Прва година при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица.

Денеска го објавив Јавниот повик за финансиска поддршка на нашите првачиња – учениците кои на 01. Септември 2024 година, за прв пат го пречекорија прагот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Исто така, денеска е објавен и Јавниот повик за финансиска поддршка за учениците кои своето образование го продолжија во нашиот град, односно во Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“. Со оваа иницијатива, како локална самоуправа, сакаме да им дадеме поддршка за подобар старт и многу успеси во нивното образование, – вели градоначалникот Димчо Атанасовски
Овие Јавни повици за финансиска поддршка, од страна на градоначалникот се распишани врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица, според претходно утврден Правилник за доделување на еднократна парична помош за ученици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *