ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ КРУПИШТЕ ЗАГИНА ЖИТЕЛ НА КОСОВО

Жител на Косовo загина кај Крупиште. Уште двајца се повредени во  две сообраќајки на Истокот кои се случиле во изминативе 24 часа.

Утринската прошетка за 42-годишниот Д.М. од Ѓаковица, Косово завршила кобно, откако во него, утринава околу шест часот , удрил автобус:

  • По незгодата пеашкот со возило на Брза помош е пренесен во Клиничката болница во Штип, каде како последица од здобиените тешки телесни повреди, за жал, починал. Апелираме до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што ќе допринесеме за лична безбедност и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, изјави Гордана Панајотова.

Неколку часа претохдно  на влезот во Кочани, се судриле два автомобили, едниот марка „мазда“, другиот „пежо“. Ударот, кај 46-годишниот возач на маздата, кој бил од кочанското село Спанчево, бил причина за тешки телесни повреди, па по укажаната помош во Кочанската болница, итно бил префрлен на Скопските клиники.

Со полесни повреди поминал возачот на пежото, 38-годишниот Г.Д. од село Уларци. По извршениот увид, полицијата возилата ги задржала за технички преглед, а од двајцата возачи е земена крв за анализа, која треба да покаже дали и овој пат алкохолот бил причина за сообраќајната несреќа.

Пишува: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *