Во Македонска Каменица се гради нов пешачки мост на Каменичка Река

Македонска Каменица, 13. Септември 2024 година – Градоначалникот Димчо Атанасовски во објава на социјалните мрежи ја најави изградбата на нов пешачки мост на Каменичка Река во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

Како што Атанасовски вели во објавата, ова е долгоочекуван проект кој претставува значителен чекор во подобрувањето на инфраструктурата, мобилноста и квалитетот на живот на сите граѓани и посетители на Македонска Каменица.
– Новиот пешачки мост на Каменичка Река ќе овозможи безбедна и лесна поврзаност на двете страни од градскиот кеј на Каменичка Река, олеснет пристап на граѓаните до новоизградениот спортски комплекс и на жителите од Долно маало до централното градско подрачје. Новоизградениот мост ќе има идентичен изглед со постоечкиот мост пред градската црква “Успение на Пресвета Богородица” и ќе претставува нов естетски елемент кој ќе го збогати урбаниот амбиент во овој дел од нашиот град, – додава Атанасовски
Во моментов од страна на “ДЕУС МИМ” ДООЕЛ како изведувач на градежните работи се изведуваат подготвителни работи, кои вклучуваат ископ на подземни бетонски стопи, како неопходен фундамент за изградба на стабилна основа на мостот. Паралелно, со овие работни активности екипи на Евро Консалтинг вршат геомеханички мерења за утврдување и достигнување на потребната стабилност на подлогата.
Вкупната вредност на Договорот за изградба на пешачки мост на Каменичка река во Македонска Каменица изнесува 2.117.946,6 со вклучен ДДВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *