Независниот член на Советот на општина Кочани, Венко Крстевски наместо протест најави организирање на забава во кругот на градската депонија која подолг период гори и го загадува градот. Ова како идеја доаѓа поради фактот што протестите организирани пред неколку месеци, според Крстевски, не придонеле за решавање на проблемот.
Локалната самоуправа, пред неколку денови, најави почеток на активностите за покривање на депонијата и конечно решавање на овој горлив проблем во Кочани.
– Дечки, бидејќи многуте протести не резултираа со решавање на проблемот со аерозагадувањето од градската депонија, на денешната седница на Совет на Општина Кочани најавив дека на 7ми Септември (Денот на ослободување на Кочани) ќе организираме ЗАБАВА во округот на депонијата, – вели независниот советник Венко Крстевски
Повеќе информации за оваа интересна идеја од Крстевски најави за во следните денови.
Линк до објавата:
https://www.facebook.com/share/p/RnvLQ84rqJWUZ4yv/?mibextid=oFDknk