Бурни аплаузи од публиката во Благоевград за „Копачката“ од село Драмче – најавтентичната македонска фолклорна група

Бурни аплаузи од публиката за Фолклорната група „Копачката“ од село Драмче која вчера учествуваше на настан во Благоевград организан од Зружението „Ние жените“ и Регионалниот историски музеј.

Чест и задоволство беше да се биде дел од ЗФГ КОПАЧКА  од село Драмче во Благоевград. Извонредно ја изведовме предвидената програма со нашите помлади членови, како успеавме во најдобро светло да ја претставивме Македонија, – истакна Перса Стојановска по настапот во Благоевград која сподели импресии од настапите додавајќи, дека „Бурните аплаузи од публиката ја отсликуваа високата приемчивост на нашиот пијанечки изворен фолклор, овде во Благоевград. Присустните не ги криеа своите чувства и искажуваа пофални зборови за нашиот комплетен настап, особено за нашата автентична изворна пијанечка носија, со елементи постари и од 100 години“.

На сцената во Благоевград „Копачката“ изведе повеќе точки помеѓу кои беше песната „Останахме с’тата, беќаре и двата“ во исполнение на Мирко Симоновски, како и ората „Драмечко“ од жени на тамбура, Езгија на тапани, „Циганчица“ мешано оро на тапани, „Оптан топтан“- мешано оро на тапани, „Ситно“ – жени на тамбура и „Копачка“ – жени на тапан.

Програмата опфаќаше и изложба – базар, на кој Вида Илиевска, уреди штанд со нејзините рачни изработки со монистра и плетени чорапи, пешкири и други ткаени изработки. Посебен акцент беше ставен и на хуманитарно продажната ликовна изложба, насловена како „Насликај и дари“.
За своето учество и одлично претствување се здобивме со Благодарница (Грамота), од страна на организаторите, за што сме им неизмерно благодарни, – додаде Перса Стојановска од ФГ „Копачката“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *