БУГАРИЈА ПРЕД НАС ГО ЛЕГАЛИЗИРА ПРОИЗВОДСТВО НА МАРИХУАНА НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА ОД ДРЖАВАТА

Владата на Бугарија го легализираше производството на канабис на територијата на целата држава, а земјоделците ќе можат да го одгледуваат со посебна дозвола од надлежното министерство.

„Министерството за земјоделие ќе издава посебни дозволи за посев и одгледување на канабис, кои ќе важат една година и ќе им овозможат на земјоделците да одгледуваат само една култура на претходно определена површина.“, изјави Стефка Дамјанова, претставник на Министерството за земјоделие.

Условите за аплицирање и одгледување ќе им бидат достапни на граѓаните на веб-страницата на Министерството за земјоделие.

Секој кој сака да посади канабис ќе мора покрај Министерството за земјоделие, да го извести и Министерството за внатрешни работи.

Македонија е прва земја на Балканот која ја легализираше употребата на лекови на база на канабис, но и натаму одгледувањето на канабис е нелегално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *