Атанасовски: Заврши тендерската постапка – започнува изградбата на нови типски објекти во руралните и приградските средини

Македонска Каменица, 07. Август 2024 година – Градоначалникот на Општина Македонска Каменица објави вест дека е финализирана тендерската постапка за изградба на помошни објекти за потребите на жителите во Аџиско маало и кај манастирот Св. Архангел Михаил во село Саса, како и кај старата градска црква Св. пророк Илија во Македонска Каменица.

– Наскоро во овие делови од Општината, ќе имаме целосно новоизградени повеќенаменски објекти кои граѓаните ќе ги користат според нивните потреби. Продолжуваме со подобрување на инфраструктурата, како во урбаниот дел на градот, така и во руралните средини од нашата Општина – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски

Претходно, вакви објекти беа изградени во повеќе рурални средини од Македонска Каменица, а годинава заврши нивната изградба во село Дулица и на Магилката во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *