Рудникот САСА и оваа година со низа активности и донации за заедницата го одбележува 28. Август – Денот на македонските рудари, како и двојниот празник на Македонска Каменица.
Традиционално, секоја година, САСА ги наградува сите свои над 770 вработени со парични награди и пригодни подароци. Оваа година посебно признание му беше доделено на Александар Стоимиров кој е прогласен за најдобар рудар за 2024 година. Тој и уште 121 негови колеги, кои дале особен придонес за остварување на безбедно и стабилно производство во САСА, добија и дополнителни парични награди и признанија.