46 ученици се пријавиле во првиот уписен рок во каменичкото средно училиште “Миле Јаневски Џингар”

Македонска Каменица, 03. Јули 2024 година – 46 ученици се пријавиле во првиот уписен рок во каменичкото средно училиште “Миле Јаневски Џингар”

По завршувањето на првиот уписен рок кој се реализираше во два термини, од 20 до 25 јуни и на 1 и 2 јули, каменичкото средно училиште запиша вкупно 46 ученици.

Како што истакнува директорката на средното училиште, Данче Гоцевска кај учениците најголем интерес има за запишување на машинска струка, каде максималната бројка 25 ученици е веќе пополнета. Слободни места остануваат во паралелките од гимназиско образование, текстилно-кожарската струка и кај геолошко-рударската струка.

Каменичкото средно училиште нуди можност за дуално образование кое предвидува комбиниран образовен процес кај средношколците односно учење и практична настава кај работодавец со месечен надомест од 3500 денари за секој ученик, за време од девет месеци во годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *