ЈП “КАМЕНА РЕКА” СО ИНКАСАТОРСКИ ПАТРОЛИ ПРОТИВ НЕСОВЕСНИТЕ КОРИСНИЦИ НА ВОДА

25. Јули 2017г. (kamenica.mk)

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА:

Поради недостаток на вода за пиење во текот на летниот период во одреден дел од денот, се замолуваат сите корисници на водоводната мрежа во градот, совесно и рационално да ја искористуваат водата за пиење и да не се троши беспотребно. Водата исклучиво да се користи за пиење и основни потреби за домаќинствата. Истата да не се користи за наводнување на зелени и градинарски површини во дворот, перење на автомобили,теписи и сл.
Ј.П.,,Камена Река ” од денес започна да спроведува инкасаторско-комисиски контроли за начинот на потрошувачка на вода. Истите ќе патролираат од попладневните, па се до доцните вечерни часови (17:00ч до 24:00ч.). Секое забележано несовесно трошење на вода, најпрвин ќе биде со опомена до потрошувачите, а во следниот период и санкционирано.

ЈП Камена Река – Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *