ЈП “Камена Река” гради нова филтер станица – жителите на Стара Каменица и село Дулица добиваат чиста и здрава вода за пиење

Во тек се работни и градежни активности на вработените во ЈП Камена Река за подобрување на условите за живеење, вршени според потребите и барањата на граѓаните од урбаната и руралните средини на Македонска Каменица. Како што истакнуваат од ЈП Камена Река, во моментов се поставува бетонското плато за изградба на филтер станицата во село Цера. Со изградбата на оваа филтер станица трајно се решаваат проблемите за снабдување со чиста и здрава вода за пиење на жителите од Стара Каменица и село Дулица.

– Паралелно со овие активности, вршиме инсталирање на елементите од филтер станицата. Поставувањето и пуштањето во употреба на овој дел од водоводниот систем од витално значење за граѓаните треба да биде реализиранодо крајот на месец јули оваа година, – истакнуваат од Јавното претпријатие Камена Река задолжено за одржување и нормално функционирање на градскиот водоводен систем

Од Јавното претпријатие истакнуваат дека продлжуваат посветено да работат во пресрет на барањата од граѓаните на Македонска Каменица.

– Со постојано спроведување на нашите активности, секојдневно придонесуваме за подобрување на условите за живеење во урбаната средина и во руралните заедници од нашата општина, – велат од Камена Река, при што додаваат дека работат на поставување нови водомерни единици за корисници на водоводната мрежа во градската средина и приградските наделби од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *