ФК “Каменица САСА” посилна од штипска Брегалница

29. Јули 2017

Градски стадион во Македонска Каменица

(kamenica.mk)

Каменица САСА со 3:2 ја победи екипата на штипска Брегалница, претендент за висок пласман во новата сезона од Втората фудбалска лига.

Гостите го отворија резултатот уште на почетокот од натпреварот, по што домашната екипа преку пенал успеа да се врати резултатски во игра. Егзекутор од 11 метри повторно беше редовниот стрелец во редовите на Саса, Зоран Златковски.

Во текот на второто полувреме тренерите на двете екипи ги ротираа играчите на теренот и изменуваа тактиката во играта. Се извршија повеќе измени во редовите и на двете екипи. По неколку минути игра повторно во водство дојдоа гостите по грешка од одбраната на Каменица-Саса. Во понатамошниот тек од натпреварот, следуваа два гола за домаќините кои преку две брзи трансформации од полуконтри ги постигна новото засилување во редовите на ФК Каменица-САСА, Ефтим Аксентиев.

Ова е трет контролен натпревар на ФК Каменица САСА. Во претходните два има еден пораз од Силекс на гостински терен во Кратово и еден прекинат меч во 60′ при водство од 1:0 против Кит Го од Пехчево.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *