УБАВА ВЕСТ: Нашата млада сограѓанка Михаела Павловска ќе ја претставува Македонија на Меѓународната олимпијада по геонаука во Пекинг

Нашата млада сограѓанка Михаела Павловска ќе ја претставува Македонија на Меѓународната олимпијада по геонаука во Пекинг

 

Михаела Павловска е наша млада сограѓанка, родена на 29. Мај 2008 година, во Македонска Каменица. Ученик е во скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин во Скопје. Како одличен ученик со солидни познавања од областа на географијата, најпрвин освојува прво место на општински и регионален натпревар по преметот географија. Успесите на Михаела продолжуваат на државниот натпревар, каде како првонаградена обезбедува место во поширокиот состав на македонскиот олимписки тим за XVII меѓународна олимпијада во Пекинг.

 

 

Со остварените резултати на селективниот натпревар спроведен од Македонското географско друштво, нашата Михаела Павловска во конкуренција од 7 ученици, е избрана во четиричлениот олимписки тим на Македонија. XVII Меѓународна олимпијада по геонаука ќе се одржи од 07 до 18 август во Пекинг. Во нашиот олимписки тим, под водство на Македонското географско друштво, покрај нашата Михаела Павловска ќе патуваат и ученици од Прилеп, Делчево и Крушево.

Како и останатите средношколски олимписки тимови од државата и географичарите се соочени со проблеми околу обезбедувањето на финансии потребни за патување и престој. Од Министерството за образование и наука најавуваат средба со претседателите на здуженијата за надминување на проблемот, за кој најавуваат трајно решавање со новиот Закон за средно образование. Македонските олимписки тимови во меѓувреме се обратиле до бизнис заедницата и коморите, доколку истите имаат можност да излезат во пресрет и да им помогнат на здруженијата.
Барање за обезбедување на финансиски средства за Македонскиот олимписки тим по геонаука, како што истакнаа од семејството Павловски, ќе бидат аплицирани до градоналникот и советот на општина Македонска Каменица, како и до најголемиот економски оператор и стопански субјект во нашиот град Рудникот Саса.

Се надеваме, дека со новиот Закон за образование и наука, трајно ќе биде решен овој проблем и сите наши успешни ученици како Михаела Павловска ќе можат периодот да го посветат за подготовки на олимпијадите, неоптеретени околу обезбедување на неопходните услови за патување. Пред неколку години со слични проблеми се соочуваше и нашиот сограѓанин Мартин Ристовски, како учесник на Меѓународната олимпијада по физика.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *