Македонска Каменица, 27. Септември 2024 година – Културно информативниот центр „Романса“ објави соопштение за јавност во кое ги известува сите заинтересирани ученици и млади, дека од 01. Октомври 2024 година, повторно започнуваат со работа Ликовната и Драмската секција во Домот на култура во Македонска Каменица.
Пријавувањето се врши секој работен ден во просториите на Домот на култура, од 09 до 15 часот, најдоцна до 01. Октомври 2024 година. Пријавувањето за ликовната секција може да се врши и кај Климентина Соколовска, дипломиран ликовен уметник од областа на класичното сликарство, на телефонскиот број 077 563 684. Формирањето на ликовна секција има за цел формирање на ликовна колонија која ќе работи во склоп на КИЦ Романса во Македонска Каменица. Драмската секција при Културно информативниот центар ќе ја води Јовка Соколовска., – велат од КИЦ Романса