Се бараат собирачи на вишни во Пијанец. Висока дневница и сместување за работниците

Во екот на сезоната на берба на вишните во регионот Пијанец, каде што тие се застапени на површина од 300 хектари, има голем недостиг на сезонски работници.
Славчко Гоцевски, кој има насади на 15 хектари со вишна, истакнува дека проблемот со сезонските работници се провлекува секоја година.
– Годинава намален е и родот поради мразот и градот од пред неколку дена, така што и ефективната заработувачка на работникот ќе биде намалена, односно работниците ќе ги плаќаме по набрана гајба со вишни, а кога нема род и заработувачката ќе биде помала. Проблемот го решив со зголемување на цената така што плаќав по 100 денари од гајба за да можат бербата да ја доведам кон крај. Вишната не може да чека – изјави Гоцевски за Нова Македонија.
Проблем со сезонски работници има и во комбинатот Рудине ММ каде што на 200 хектари вишни, годишно се потребно околу 300 сезонски работници. Во моментов, таму има сезонци од Струмица, Кочани, Велес и Делчево, а фирмата им обезбедува заработка од 65 денари по гајба, храна и платено сместување.
 Откупната цена на вишните годинава изнесува 42 денари по килограм. На килограм откупена вишна државата субвенционира по 2 денари. Во регионот, во добра година се произведуваат над две илјади тони вишни, но годинава родот е преполовен.
Извор:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *