Во денешниот натпревар од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, нашата екипа ФК Каменица Саса гостуваше во Струмица, каде со нерешен резултат од 2:2, одигра одличен и тежок меч против екипата на ФК Беласица.
Ова е четврти натпревар по ред во кој нашата екипа останува непобедена, што е огромен успех и потврда за квалитетот и борбеноста на нашите играчи. Стрелци на головите за нашата екипа беа Кристијан Чурлинов и Андреј Симевски.
Со оваа серија од добри резултати, се приближуваме до остварување на нашиот цел – пласман во горниот дел од табелата.
Вашата поддршка, значи многу. Тоа е наша најголема мотивација на теренот. Вашата енергија и верба во екипата ни даваат дополнителен елан да продолжиме со уште подобри резултати.
Продолжуваме со напорни подготовки за следните предизвици и за нови победи на следните натпревари.