САСА патува во Струмица за продолжување на победничката серија

Македонска Каменица, 05. Октомври 2024 година – Екипата на ФК Каменица Саса, утре во рамки на 7. Коло од ВМФЛ гостува во Струмица каде ќе ги одмери силите со екипата на ФК Беласица
– По одличните резултати на нашите момци против Македонија Ѓ.П. во Скопје и против екипите на Борец и Арсими на домашен терен, се полни со самодоверба, мотивација и желба за нова победа, – велат од клубот пред утрешниот натпревар
Натпреварот не го оценуваат како лесен, но веруваат во силите на сопствената екипа и во поддршката од трибините!
Сите заедно, можеме да ја оствариме целта – нови три бодови за повисок пласман на табелата Затоа, ви повикуваме да не поддржите и да бидете дел од оваа наша возбудлива средба. Да бидеме бројни на стадионот во Струмица, да ги покажеме нашите бои на трибините и со навивачки дух и енергија да бидеме со нашите јунаци на теренот, – додаваат од клубот
ФК Каменица Саса по 6 одиграни кола од Втората фудбалска лига на Македонија, со две победи, два нерешени натпревари и два порази, има освоено осум бодови и се наоѓа на осмата позиција на табелата. Има постигнато осум голови, а исто толку и примено.
Red Football Match Facebook Post – 1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *