САСА одигра нерешено на гостувањето кај фаворизираните Лавови во Ѓорче Петров

ФК Каменица Саса одигра нерешено на гостувањето кај фаворитот Македонија ЃП во Скопје

На стадионот во Ѓорче Петров, во рамки на 5. Коло од ВМФЛ, денеска со почеток од 15:00 часот, се сретнаа екипите на ФК Македонија ЃП и Фк Каменица Саса.

Домаќините, како минатогодишна прволигашака екипа и екипа со аспирации за брзо враќање во истото друштво, влегоа во натпреварот како апсолутни фаворити. Во средината на првиот дел, по грешка направена при неуспешно додавање на играчите од средниот ред на Саса, домаќините успеаја да го отворат резултатот.

“Лавовите” успеаја да го чуваат водството до 55 минута, кога гостинската екипа од Македонска Каменица по одлично изведениот корнер од Мухамед Бекир прецизно со глава стрелаше Кристијан Таневски за 1:1.

Домаќините имаа уште неколку изгледни шанси за ново водство, но одбраната на Саса со дисциплинирана и пожртвувана тимска игра успеа да го сведе натпреварот на конечни 1:1.

Следното коло, нашата екипа веќе во среда го пречекува велешки Борец на градскиот стадион во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *