ПРИЗНАНИЕ ЗА АФИРМАЦИЈА НА ПРАВОСЛАВНИ ДУХОВНИ ВРЕДНОСТИ
ЕПИСКОП ДЕЛЧЕВСКО-КАМЕНИЧКИ Г. МАРКО (КИМЕВ) ОД МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ „ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Роден е во Штип на 25.11.1977 година и крстен како православен христијанин со име Горан. Основно образование завршил во родниот град по што се запишал на средно богословско училиште во Скопје. По завршувањето на Македонската Православна Богословија ,,Св. Климент Охридски“ во Скопје и воениот рок се запишал на Богословскиот факултет во Скопје, а истовремено работи и во администрацијата на Велеската и Повардарска Митрополија.
На 02. 08. 2002год. во манастирот „Св. Прохор Пчински”, ракоположен е во ѓаконски чин од епископот Врањски г. Пахомиј и како ѓакон служи во параклисот „Воскресение Христово“ во Битола, а истовремено посетува школо за грчки јазик во Грција. Дипломирал теологија на Аристотеловиот Универзитет во Солун, Грција. Иако релативно млад, заради потребите на Охридската Архиепископија, со одлука на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква, одржан на 23 / 10. 05. 2003 година, по предлог на Митрополитот велески и повардарски и егзарх охридски г. Јован, избран е за негов викарен епископ со титула Дремвицки. На 29 / 16. 06. 2006 со одлука на Светиот Архиејерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија поставен е за надлежен Архијереј на Брегалничката епархија со титула Епископ Брегалнички и местобљустител битолски. Со одлуката на САС на МПЦ – ОА за формирање на нова Делчевско – каменичка епархија, новиот епископ ја доби титулата Делчевско – каменички, со седиште на епархијата во градот Делчево. Интронизацијата на Преосвештениот епископ г. Марко се изврши на 17. 09. 2023 год. во црквата „Успение на Пресвета Богородица’’ во градот Делчево.
За потребите на Фестивалот, Епископот Делчевско-каменички г.Марко, преведе 40 страни од Часословот на Јаков од Камена Река, и истите ќе бидат дел од изложбата на отворањето на Фестивалот.