ПРЕОСТАНУВААТ САМО УШТЕ 5 ДЕНА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА МЛАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

До 29 август годинава трае рокот за доставување барања за поддршка на млади земјоделци. На повикот може да се јават земјоделци до 40-годишна возраст, а аплицирањето е исклулчиво електронски.

Државната поддршка предвидува максимални 600.000 денари неповратна финансиска помош за младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис. Услов е да бидат запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства не повеќе од 18 месеци.

Добивањето на субвенцијата зависи и од освоените бодови, односно од тоа каде се наоѓа стопанството и за која намена се аплицира. Најголем број бодови носат барањата за набавка на опрема за чување и складирање на производство, за опрема за преработувачки капацитети и членството во земјоделски задруги.

По одобрувањето на субвенцијата, парите ќе се исплаќаат на максимум три рати.

Повикот беше објавен на 8 август, а документите за аплицирање може да се преземат од веб страницата на Платежната агенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *