Пензионерите од Македонска Каменица спроведоа пролетна екоакција и хортикултурно го уредија урбаните површини пред нивните простории

Македонска Каменица, 10. Април 2024 година – Пензионерите од Македонска Каменица спроведоа пролетна екоакција со хортикултурно уредување на просторот пред просториите на Здружението на пензионери во градот.

Ова е редовна активност на Здружението на пензионери. Тие се редовни учесници на сите екоакции кои локалната самоуправа ги спроведува на територијата на општина Македонска Каменица.

Со денешната екоакција пензионерите активно се вклучуваат во уредувањето и разубавувањето на јавните простори од централното градско подрачје во нашиот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *