Ослабнат од повредата на Кметовска, Баскет Кам доживеа пораз во Крива Паланка

Девојките од Крива Паланка славеа со сигурни (70:54) во дербито со Баскет кам, и остануваат непоразени во пет одиграни кола

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Шампионот „падна“ во Крива Паланка

Кошаркарките на Крива Паланка му го нанесоа првиот пораз на актуелниот шампион во женската Прва лига, екипата на Баскет кам од Македонска Каменица..

Максимално го искористија квалитетите на „трилингот“ Алексовска-Робинсон-Меклејни, но и отсуството на една од најдобрите кошаркарки на екипата од Македонска Каменица, Ивана Кметовска, и стигнаа до голема победа (70:54) и максимален ефект во четири досега одиграни мечеви од почетокот на сезоната.

Домашните кошаркарки имаа постојана предност во дерби дуелот со бранителот на титулата. По почетните (17:12) во првиот период, на полувремеот имаа и повисоки (33:27). Не застанаа ниту по паузата, како одминуваа минутите, така растеше и нивната предност, недостижна за противникот кој го впишува првиот неуспех во новиот шампионат.

Робинсон стрелаше за 22.поени, Алексовска имаше 17, а Меклејни уште 16. Поени кај Крива Паланка.

Димова имаше 17.поени, Дојчинова дојде до 14, а Адамовска даде девет поени за Баскет кам 2011.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *