Општина Македонска Каменица започна акција за отстранување на хаварисаните возила од јавните корисни површини во градот

Македонска Каменица, 18. Ноември 2024 година – Со цел, создавање на подобрена безбедност, унапредување на чистота на јавните површини и зачувување на урбаниот изглед на нашиот град, денеска започнавме акција за отстранување на сите хаварисани возила од јавните корисни површини на територијата на општина Македонска Каменица.

Во таа насока, апелираме до сите граѓани, хаварисаните возила самостојно да ги пријават за дислокација од јавните површини. Пријавувањето се врши во просториите на Јавното претпријатие „Камена река“, во текот на секој работен ден.

Воедно, сакаме да нагласиме, дека по истекот на рокот од 7 дена по добиената опомена, непријавените хаварисани возила ќе бидат отстранети од страна на надлежните служби. Трошоците за дислокација ќе бидат на товар на сопствениците.

Општина Македонска Каменица, ова акција ја спроведува во соработка со Јавното претпријатие „Камена Река“ и МВР – Полициско одделение во Македонска Каменица, согласно со Законот за управување со дополнителни текови на отпад (Сл. весник на РСМ бр.216/21, 195/22) и согласно член 7 и член 63 од Законот за безбедност на патиштата и од Законот за јавна чистота.

Хаварисаните и напуштени возила претставуваат сериозен проблем, не само од естетски, туку и од безбедносен аспект. Тие зафаќаат простор на паркинзите, го попречуваат движењето на пешаците и возилата, а воедно можат да предизвикаат и несакани еколошки последици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *