Македонска Каменица, 10.07.2021 година – Градоначалниците од 34 општини ги добија Договорите од Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти. Општина Македонска Каменица во рамки на ТАВ Програмата доби средства за изградба на канализациона мрежа во Индустриската зона.
На настанот присуствуваше градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која по настанот изјави „Денеска, присуствував на свеченоста за Доделување на Договорите од Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти“. Со овој Договор општина Македонска Каменица доби средства во висина од 5 300 000,00 денари за изградба на канализациона мрежа во Индустриската зона“.
„Преку подобрувањето на инфраструктурата продолжуваме посветено да работиме во интерес на заедницата и развојот на економијата во нашата Општина“ – дополни градоначалничката Соња Стаменкова