ОД ПОНЕДЕЛНИК ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ГИ ЗАПОЧНУВААТ БОГОРОДИЧНИТЕ ПОСТИ

Од понеделни, православните ги започнуваат постите посветени на Мајката Божја:

  • Според пропишаното овие се строги пости, што значи од понеделник до петок се пости без зејтин, за викенд е дозволено масло и вино, а риба е дозволена само за Преображение, појасни ѓакон Димитар Арсов.

Постот е одлична прилика, да поведеме повеќе сметка и за нашето здравје, односно да се изврши детоксикација на организмот:

  • Чистењето на организмот почнува од утрото и ние треба да му помогнеме со внес на повеќе течности, свежо овошје и зеленчук, за да го поттикнеме тој механизам, објасни Цеце Динева, нутриционист.

Но, лошо е ако постот се сфати само како телесен, односно како диета:

  • Да не се ограничиме само на телесниот пост, туку да се свртиме и кон духовниот, кон молитвата и милосрдието, потсетува ѓакон Арсов.

Постите посветени на Пресвета Богородица се едни од најмасовно практикуваните пости во православието.

Ова првенствено е резултата на тоа што тие траат кратко, но и на големата почит што верниците ја имаат кон Мајката Божја, преку чии молитви дојде до спасение на човечките души и која е наша најголема застапничка пред Бога.

Извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *