Огромен успех на пензионерите од Македонска Каменица: Ќе ја претставуваат Македонија на Маѓународниот фестивал “Трето Доба” во Љубљана, Словенија

Денеска, претседателката на организациониот одбор на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Станка Трајкова ја врачи одлуката за учество на нашето Здружение на пензионери од Македонска Каменица на Маѓународниот фестивал “Трето Доба” во Љубљана, Словенија.

– На меѓународниот фестувал во Словенија, оваа година ќе учествуваат две здруженија од Македонија. Голема е честа и задоволството, што токму нашето здружение ја доби оваа значајна и одговорна задача. Ние ќе се потрудиме достојно да ја претставиме нашата убава Македонија и секако ќе ја оправдаме добербата, – истакнаа од Здружението на пензионери од Македонска Каменица

 

 

Од Здружението на пензионери упатуваат огромна благодарност до Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и честитки до пензинерите од Македонска Каменица за вложениот труд и постигнатиот успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *