Нов случај на ХИВ позитивен во Виница

Младо момче, студент на возраст од 21 година е новиот  регистриран случај на  ХИВ позитивен во Виница. Заболениот тестовите ги направил во Скопје, а од Центарот за јавно здравје засега не го откриваат начинот на инфицирање.

Ова е трет случај на ХИВ позитивен во Виница од 1991 година наваму, претходните двајца болеста не ја преживеале.

Инаку, спооред официјалните податоци од Институтот за јавно здравје на РМ, во текот на месец мај 2017 година, пријавени се три нови случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол на возраст од 20-39 години од Скопје и Тетово.

Согласно евиденцијата на пријавените случаи, кумулативниот број на лица заболени со сида од 1987-2017 е 336 при што болни од сида се 181, 155 се ХИВ позитивни, 83 се починати, и 253 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Во однос на другите сексуално пренсоливи инфекции, во текот на мај се пријавени 11 случаи на инфекции предизвикани од хламидија и еден случај на гонореја од Битола. Од епидемиолошката служба во Виница  забележуваат дека многу мал број на млади лица прават тестови и апелираат за навремени превентивни проверки кои се вршат дискретно и со шифра во сите општински центри за јавно здравје.

Сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *