НОВ МЕЃУНАРОДЕН ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР НА ФК “КАМЕНИЦА САСА” ПРОТИВ ФК “ПИРИН” – БЛАГОЕВГРАД

Во вторник со почеток од 17:00 часот по македонско време, ФК Каменица САСА ќе одигра уште еден меѓународен пријателски натпревар. Овој пат му гостува на ФК Пирин – Благоевград. Екипата на Каменица САСА одигра редица одлични пријателски натпревари пред почетокот на Втората фудбалска лига, се надеваме на таков и на 22. Август во с. Рилци (тренинг центар на ФК Пирин).

Екипата на Саса ја мачат неколку повреди (н.з 3-4) на стандардни првотимци, но формата на останатите фудбалери е константно во нагорна линија. Оваа последна проверка добро ќе му дојде и на Драган Паунов, фудбалер кој деновиве на тимот му се приклучи од редовите на кочанско Осогово. Станува збор за искусен фудбалер, одличен играч во средината и нападот по десната страна на теренот. Останатите засилувања веќе се супериорни на теренот и  ја носат и креираат играта на ФК Каменица САСА. Тука се секогаш и одличните, голгетерот Зоран Златковски и капитенот на екипата Иван Павлов кои како и во минатата сезона, така и во подготвителниот период пред новата сезона, даваат огромен придонес во успесите и добрата игра на второлигашот од Каменица.

Листата на повредени играчи во редовите на каменичани, за жал е долга и на неа во моментов се најдоа дури четворица првотимци: Даниел Гоцевски, Даниел Цветковски, Ѓорѓи Анастасовски и Александар Атанасовски. Тренерот Горан Гоцевски се надева на нивно брзо опоравување и целосен придонес во играта на тимот, кој сезонава е со апетити да освои место во горниот дел од Второлигашката табела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *