НАЈНОВА ВЕСТ: Спречен обид за киднапирање на две деца од училиштето во Карбинци

Како што јавува штипската телевизија Стар ТВ утрово се случил обид за киднапирање на две деца пред Основното училиште “Страшо Пинџур” во Карбинци.

Киднаперите кои дошле со автомобил, марка “Голф” на скопски регистарски таблички, биле спречени во обидот насилно да ги внесат децата во автомобилот од страна на останатите ученици и вработените во училиштето.

Во моментот инспектори од СВР Штип се наоѓаат на местото на настанот.

Видео:1701773969470_fb_video_1701773984227_1701773984228

Извор (линк до веста): СтарТВ

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *