МВР Хроника: Приведен жител на село Ѕвегор поради агресивно однесување кон полициски службеник – Возач на мопед од Виница повреден во Кочани – Жител на Смојмирово ширел расистички и ксенофобичен материјал

На 03.07.2024 во 16.40 часот во с.Звегор, делчевско, полициски службеници од Полициската станица Делчево го привеле З.Ѓ. од истото село, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.07.2024 во 12.47 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во Кочани, на крстосница со кружен тек, М.П.(52) од Виница, кој управувал мопед „пежо“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата М.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.П.(31) од с.Смојмирово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, на 08.03.2024 на социјална мрежа објавувал фотографии од женско лице и промовирал омраза, дискриминација и насилство против неа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *