Матурата ќе се полага во спортски сали и холови за спречување на препишувањето

Оваа учебна година државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање.

Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик.

Целта на новиот начин на реализирање на испитите  е самостојно решавање на тестот и почитување на правилата за полагање кои постојат од воведувањето на државната матура во 2007 година (не е дозволено:  користење какви било дополнителни средства  – учебници, хартија, мобилни телефони и други електронски уреди,  консултација со другите матуранти, препишување, недолично однесување кон други лица во просторијата, пишување недолични знаци на тестот или текст кој го открива идентитетот и слично).

– Очекуваме оваа промена да овозможи подобра работна атмосфера во текот на испитот и можност матурантите да го покажат своето објективно знаење, со што резултатите од матурата ќе бидат генерално поверодостојни – изјави за новинската агенција МИА Билјана Михајловска, директорка на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој го организира и спроведува полагањето на државната матура.

Целиот текст ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *