Денес, со почеток од 16:00 часот, екипата на ФК Каменица САСА го пречекува ФК Борец од Велес.
Двете екипи влегуваат со оптимизам и желба за победа. Екипата од Каменица после поразот од минатото коло против Плачковица од Радовиш, во овој натпревар, со сите сили ќе се обиде да запише 3 бода. Додека пак гостите кои претендираат за висок пласман во Втората лига, нема ништо да остават на случајност и преку иницијатива и брзи контранапади ќе се обидат да ги изненадат домаќините.
Самиот факт дека двете екипи се лути ривали од некогашната блескава Прва македонска Фудбалска лига од ’90-те години е доволен да привлече особено голем интерес за следење на натпреварот од трибините на градскиот стадион во Македонска Каменица.