Ланецот на ресторани „Филитеа“ воведува попуст на менито за сите вклучени во гаснењето на пожарите во Македонија

Ланецот на ресторани „Филитеа“ воведува попуст на менито за сите вклучени во гаснењето на пожарите во Македонија

 

Најдобриот ланец ресторани во регионот „Филитеа“ во знак на благодарност кон волонтерите противпожарни друштва и сите лица вклучени во гаснењето на пожарите во Македонија започнуваат акција која вклучува попуст на целокупното нивно мени.
Сите што добро не познаваат знаат дека нашите Филитеа ресторани во Кочани и Штип редовно се вклучени со изразена поддршка кон сите настани во регионот. Со воведувањето на попуст од 10% на нашето целокупно ресторантско мени, сакаме да изразиме благодарност кон волонтерското противпожарно друштво од Кочани пред се, но и на сите лица кои на директен или индиректен начин се вклучени во справувањето со огнената стихија и пожарите кои ја зафатија Република Македонија, – истакна Орце Николов сопственик на Филитеа рестораните
Почнувајќи од денеска, секој член на доброволните противпожарни друштва, како и припадниците на ТППЕ, полицијата, војската, здравствените работници и спортисти ќе добиваат редовен попуст во Пица ресторанот Филитеа во Кочани и Преминум ресторанот Филитеа кој се наоѓа во Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *