Кривична за двајца полицајци од Берово. Толерирале луди возачи од Делчево и Скопје

 

Кривична за двајца полицијци од Берово. На луди возачи им прогледувале низ прсти, утврдила внатрешна контрола на МВР.

Во првиот случај, еден од пријавените, со радар извршил сообраќајна контрола на брзината со која се движел возач од  Делчево, кој управувал „БМВ 320“, при што е констатирано дека не место на кое е дозволено да се вози 40, тој возел со 74 км/час. Полицаецот, на делчевецот му прегледал низ прсти, па запишал дека делчевецот возел до 69 км/час, со што наместо 50 во возачката книшка му внел само 25 негативни поени. Исто така, до надлежниот суд не изготвил и не поднел барање за поведување на прекршочна постапка за одземање на возачката дозвола од 3 до 12 месеци.

Во вториот случај  вториот пријавен полицаец бил попустлив кон возач од Скопје кој исто така возел 74 км/час на место каде е дозволено  40 км/час. Идентично како во првиот случај евидентирана е помала брзина , со што на возачот му е овозможено  во возачката книшка да внесе 10 негативни поени наместо 25 негативни поени.

Извор: ТВ Стар – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *