Контакт3 ја одржа првата работилница за деца на тема Свест за себе

Македонска Каменица 06. Октомври 2024 година – Во Македонска и Штип Каменица се одржаа првите работилници за стимулација и развој на емоционална интелигенција кај деца на тема Свест за себе.

 

– Емоционалната интелигенција почнува од свеста за себе која опфаќа препознавање и разбирање на сопствените емоции и нивното влијание на мислите и однесувањето. Предуслов за препознавање на своите емоции е препознавање и именување на различни емоции, – истакнуваат од Центарот за советување и креативен развој кај деца и возрасни Контакт3

Повеќето деца, како и многу возрасни, додаваат од Контакт3, имаат во својот речник мал број емоции кои ги познаваат, а уште помал број емоции кои ги препознаваат и користат. Меѓутоа, правејќи се дека тие емоции не постојат неможеме да ги поништиме туку им оставаме повеќе простор да делуваат на нас, без наша свест и контрола.

Во градењето на емоционалната интелигенција кај децата првиот чекор е учење на децата да ги разликуваат и препознаваат емоциите како и поврзаноста помеѓу чувствата и однесувањето.


Цел наработилниците е развивање на самопочитување преку свесноста за себе. Втората работилница, која ќе виде на тема Саморегулација, ќе се одржи на 19. Октомври 2024 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *