„Каменичко културно лето“ за првпат доби финансиска поддршка од Министерство за култура

Македонска Каменица, 15.02.2020 година – Министерството за култура денеска (15 февруари) на својата веб-страница ги објави финалните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2020 година.

Како издржан и добро аргументирани проект, конципиран со квалитетни уметнички содржини, кој поттикнува културен диверзитет, уметничкото творештво и културен развој, Каменичко културно лето на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година доби 800.000,00 денари.

Ова е значајна поддршка за Каменичко културно лето, како најголем проект кој општина Македонска Каменица го реализира во областа на културата. Вредно за напомена е дека, иако Каменичко културно лето опстојува повеќе години наназад, оваа година за првпат добива поддршка од Министерството за култура. Со ова општина Македонска Каменица преку постојаните вложувања во културата, многубројните културни настани организирани од КИЦ Романса и подршката од Министерството за култура прераснува во најголем културен центар на Истокот.

Конкурсите на Министерството за култура манифестираат отвореност, односно нудат можност за поддршка на граѓански организации, уметници, стручни работници, манифестации, фестивали, интердисциплинарни иницијативи итн. Резултатите од Годишниот конкурс за поддршка на проектите од национален интерес во културата за 2020 година можете да ги погледнете тука.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *